МакедонијаНајново

Мицкоски во вторник ќе ја предложи Владата во Собрание 

Мицкоски во вторник, 18 јуни, ќе го достави предлогот за Влада со сотав и програма до парламентот. До тогаш, мадаторот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ очекува сите партии дел од владибата коалиција да ги потврдат своите предлози. Неговата партија тоа ќе го стори во недела со седници на Извршниот и Централниот комитет.

Изборот на Владата, според собрнаиски избори пак, треба да се случи неколку дена подоцна. Но, Мицкоски веќе ги знае и првите потези. Веќе најави јавен повик во септември вреден 100 милиони евра  – буџетски пари за општините. Ваков повик со вредност од 250  милиони евра ќе биде распишан и во јануари догодина. За 25 јуни пак, нјавува инвестиција од 400 до 450 милиони евра во енергетскиот сектор. За првите 100 дена најавува законски измени со кои ќе се укинат економските директори во здравство, ќе се интегрира Клиничкиот центар и ќе се намалат членовите во управните одбори за 20 отсто, а Мицкоски бара и укинување на заменик-директорските позиции. Мандаторот најави и дека ќе остане на рефорамата во провасудството преку распуштање на Судскиот совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons