МагазинНајново

Минусни температури низ Македонија, најстудено на Попова Шапка! 

Минусни температури утрово насекаде низ Македонија, а најстудено било на Попова Шапка каде се измерени -10 степени.

По него следува и: -8 Маврови Анови, -6 Крушево, Берово, -4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Тетово, Битола, Претор, -3 Куманово, Прилеп, -2 Демир Капија, Кавадарци, Велес, Виница, -1 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Штип, 2 Гевгелија. 

Висината на снежната покривка утрово изнесува 9 см во Крушево, 5 на Попова Шапка и 1 во Маврови Анови.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје, Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons