Миленковски го објави поширокиот список, на него се најдоа двајца дебитанти
Селекторот на машката македонска одбојкарска репрезентација, Јошко Миленковски објави список со 22 одбојкари за настап во Златната Европска лига и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.
На списокот се проверени одбојкари, но и двајца дебитанти, Филип Станков и либерото Петар Џерков.

Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.