МВР уапси 11 лица за „Пулс“ за поткуп, злоупотреби и оддавање тајни
Уште 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, дознава Плусинфо.мк.
Дел од осомничените се веќе уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за различни кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службена положба, примање поткуп, давање поткуп и фалсификување исправи.
Според информациите до кои дошол порталот, лицата опфатени со акцијата на МВР се сомничат за следните дела:
- Д.П. од Штип – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ќе се бара притвор; службеник во УЈП Штип; лишен од слобода.
- Д.Д. – „Примање поткуп“ (чл. 357) и „Примање награда за противзаконито влијание“ (чл. 359) – ќе се бара притвор; УЈП Штип; лишен од слобода.
- М.Ј. – „Давање поткуп“ (чл. 358) и „Давање награда за противзаконито влијание“ (чл. 358-а) – поврзан со „Пулс“ Кочани.
- Д.Ч. – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Гевгелија.
- А.Ч. – „Злоупотреба на службената положба“ (чл. 353) и „Фалсификување службена исправа“ (чл. 361) – УЈП Струмица; живее во Гевгелија; лишен од слобода.
- А.К. – истите дела, службеник во УЈП Струмица; живее во Струмица; лишен од слобода.
- А.Ч. – „Злоупотреба на службена положба“ и „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица; живее во Валандово.
- Н.Т. – „Злоупотреба на службена положба“ (чл. 353) – УЈП Штип; живее во Штип; лишена од слобода.
- А. К. – истото кривично дело – УЈП Штип; живее во Штип; лишен од слобода.
- В.К. – „Оддавање службена тајна“ (чл. 360) – ДПИ; живее во Кочани.
- Д.Ј. – „Фалсификување исправа“ (чл. 378 став 4) – поврзан со „Пулс“ Кочани.
Истрагата за најтешката трагедија во поновата историја на државата продолжува да се продлабочува, а МВР и обвинителството најавуваат дека ќе бидат опфатени сите што придонеле за незаконското работење на објектот и прекршувањето на процедурите што довеле до катастрофалниот пожар.



