Свет

Мајкл Мартин е старо-нов ирски премиер 

Мајкл Мартин e именуван за нов премиер на Ирска денеска, откако пратениците со задоцнување го поддржаа по жестоката расправија околу правилата за говорење на парламентот што го одложи гласањето.

Коалицијата е составена од традиционалните ривалски партии Фине Гејл (Fine Gael) и Фијана Фол (Fianna Fail), а независните политичари во гласањето го заменија помалиот коалициски партнер Партија на зелените, која загуби најголем дел од своите места во Парламентот.

Гласањето за избор на Мартин, првично закажано за среда, беше одложено, кога Парламентот беше суспендиран четири пати по протестите на опозицијата поради правото на говор на независните пратеници кои ја поддржуваат новата коалиција.

64-годишниот Мартин беше премиер на Ирска од 2020 до 2022 година пред да ја предаде функцијата на партијата Фине Гејл во втората половина од неговиот мандат.

Според договорот постигнат по изборите на 29 ноември, премиерот во заминување Сајмон Харис треба да се врати на премиерската функција на крајот на 2027 година.

Харис ќе го замени Мартин како вицепремиер и најверојатно ќе ја преземе функцијата министер за надворешни работи, додека Паскал Донахо, претседател на групата министри за финансии од еврозоната, ќе се врати како министер за финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons