Марк Маркез имаше драматично излетување, Безеки победи на спринтот на Мазано
Марко Безеки дојде до втората победа на спринт трките во МотоГП кариерата откако Марк Маркез имаше излетување од патеката.
Марк Маркез имаше одличен старт, ги мина Фабио Квартараро и Алекс Маркез и дојде зад Безеки кој стартуваше од пол позицијата.
Маркез продолжи со одличното возење, го престигна и Безеки и дојде до првото место. Но, водството не траеше долго, изгуби контрола врз предното тркало и излета од патеката.
Безеки повторно дојде до лидерската позиција и заврши како победник. Алекс Маркез заврши како втор, а на подиумот место имаше и за Фабио Ди Џанантонио.
Франко Морбидели беше четврти, а поени освоија и Педро Акоста, Фермин Алдегер, Лука Марини, Хорхе Мартин и Раул Фернандез.