Марковска Илиевска: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо вети монтажни паркинзи кај Веро Тафталиџе и на Дрезденска, 4 години потоа само дупки и ѓубре
Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо вети монтажни паркинзи кај Веро Тафталиџе и на Дрезденска, 4 години потоа само дупки и ѓубре.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев ги излажа Карпошани пред 4 години кога вети дека овде ќе има паркинг платформи.
Карпошани беа излажани од Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев. Откако истиот ја доби довербата на граѓаните заборави на ветувањата за нови паркинзи и се фрли на бизнис со урбаната мафија.
Наместо нови катни гаражи, нови монтажни гаражи и паркинг платформи за решавање на хаосот со паркирањето во Карпош, Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев се фрли на зделки.
Исто е и сега, Стевчо ги ветува истите катни гаражи и проекти кои кои ги вети пред 4 години. Како и тогаш, така и сега тој нема намера да го исполни своето ветување. Разликата е само што сега граѓаните нема да му дадат шанса повторно да ги измами, туку жестоко ќе го казнат на избори.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/eKt8S2sF_YY
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ