Спорт

Маркез најдобар на спринтот во Австрија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја продолжи својата доминација во шампионатот Мото ГП, запишувајќи ја својата шеста последователна спринт победа во Австрија.

Второто место му припадна на неговиот брат Алекс Маркез на Гресини, со повеќе од една секунда заостанување, додека Педро Акоста заврши трет на подиумот.

Марко Бецеки заврши четврти во спринтот, по него следуваа Бред Биндер, Фермин Алдегер, Енеа Бастианини, Фаби Ди Џанантонио, Жоан Зарко, Хорхе Мартин, Фабио Квартараро и Лука Марини.

Франческо Бањаја падна од третото на 14 место откако се лизна во текот на спринтот. Потоа, на шест круга до крајот, асот на Дукати се врати во боксот и се повлече.

Главната трка е закажана за в недела од 14.00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons