Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?
СДС вчера уште еднаш потврди дека е истата онаа партија на Зоран Заев, која го прогласи Гоце Делчев за Бугарин, а македонскиот јазик, за бугарски.
Со што Бугарија го задолжи СДС, за вака понизно и самопонижувачки да мора да ја бранат?
Со што и за што Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции го држи?
И покрај јавните изјави на ЕУ и на бугарското раководство, СДС слепо ги брани бугарските позиции со срамни изјави на понижување на сопствениот народ и држава.
Нема бугарски политичар кој не стави јасно до знаење дека Бугарија планира да ја бомбардира Македонија со нови барања, само СДС се однесуваат како ништо да не слушнале, ниту виделе.
Очајно и мизерно е колку СДС можат да го пробијат секое дно, само за да ѝ се допаднат на Бугарија, но останува да лебди прашањето – Зошто?
Што е тоа што ги тера во СДС да се понижуваат и да ја понижуваат државата? До кога ќе ги рушат нашите позиции, и до кога ќе ја срамат државата?
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=BxPYtzpEErM
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ