Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за коинемал покритие
Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие.
Поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Филипче и СДС, Драги Рашковски, во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин Ново Село, со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие.
За Рашковски и СДС не е изненадување да бидат дел од некаков криминален или пак коруптивен скандал, па затоа да ја потсетиме јавноста за минатото на Рашковски, кој важи за близок соработник на Заев ина Филипче.
Рашковски беше обвинет и осуден за случајот “Софтвери”, како поранешен генерален секретар на владата на Заев, Филипче и СДС, каде што набави софтвери, за кои никој немал ниту побарување, ниту пак претходно такво нешто било употребувано. Со оваа набавка Рашковски ја злоупотребил службената положба и го олеснил Буџетот за над 18 милиони денари.
Исто така, Рашковски беше обвинет и осуден за перење на пари, со што според обвинителството, било овозможено четири компании да стекнат нелегитимна добивка од на 17 милиони денари.
Почитувани, матрицата на СДС не се менува, низ неа поминаа и сеуште поминуваат криминалци. Секојдневно СДС е полн со афери и скандали. Ги прашуваме и СДС и Рашковски, дали овие пари со кои бил фатен на граница се дел од перените пари од случајот “Софтвери”? Дали СДС ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев кој важи за најблизок соработник своевремено на Рашковски? Дали СДС има намера да се реформира и да почне да внесува чесни луѓе кои треба да им ја водат партијата, а не вакви како Рашковски, Заев и Филипче?
СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција. Го повикуваме воедно и ЈО да земе да работи нешто и да отвори случај, а не да седи настрана и да ги штити пулените на СДС.
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/1hywAXkZvLs