МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Македонија процентуално е меѓу првите со издвоени најмногу пари од БДП за правосудството во регионот и Европа, а правдата никаде ја нема

Почитувани,

Иако Македонија е мала држава и по територија и по население, издвојува значителни средства за правосудниот систем. Дури 0,39% од БДП се дава за правосудството. Тоа е повеќе од Франција со 0,20%, Германија издвојува 0,30%, Грција 0,26%, соседна Албанија 0,29%, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%. Во превод, државата вложува најмногу, а добива најмалку.

Наместо независно и ефикасно судство, граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но речиси никогаш не се добива.

Судството треба да биде стожер на правдата, а не алатка во рацете на поединци и политички групи. Граѓаните плаќаат, а за возврат добиваат нефункционален систем кој не ја штити вистината, туку ја одложува. А понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

И токму затоа, иако Македонија процентуално издвојува најмногу средства од БДП за правосудството во регионот и Европа, судиите кои земаат и до три просечни плати, а некои и повеќе, сепак бараат уште. А резултати нема. Нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи. Плаќаме најмногу, а добиваме најмалку.

Клучното прашање е дали овие луѓе заслужуваат повисоки плати? Реформи мора да има.Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=bPGNAmuwXNY

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons