МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи

Почитувани,

Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи. 

Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара. 

Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата. 

Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател. 

Народот воопшто не очекува резултати од Филипче, кој несомнено е продолжена рака на Зоран Заев во СДС. Затоа и јавноста, но и членови, активисти и симпатизери на СДС бараат оставка од Филипче и промени во раководството. 

Доколку СДС сака да исчезне од политичката сцена, Филипче нека продолжи така.

Ви благодарам. 

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons