Актуелно

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп 

Полицијата утрово ги привела убијците на 14-годишното момче кое вчера беше избодено во центарот на Прилеп.

Утрово во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, биле приведени малолетник и  дваесет и едногодишниот В.Т., двајцата од с. Сенокос.

По судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен и службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава.

Инаку вчера во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons