Свет

Макрон: Сакаме мир во Украина, но не мир што би бил капитулација

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп оди во вистинската насока, но има аспекти што треба да се подобрат за да бидат прифатливи за Украина и Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон утрово за радио РТЛ.

„Тоа е иницијатива што оди во вистинската насока: мир. Сепак, постојат аспекти на овој план што заслужуваат за нив да се дискутира, преговара, да се подобрат“, рече Макрон. „Сакаме мир, но не сакаме мир што би бил капитулација“.

Тој додаде дека само Украинците можат да одлучат какви територијални отстапки се подготвени да направат. „Она што е ставено на маса ни дава идеја што би било прифатливо за Русите. Дали тоа значи дека Украинците и Европејците мора да го прифатат тоа? Одговорот е не“, додаде Макрон.

Макрон додаде дека првата линија на одбрана на Украина во случај на мир со Русија би била обнова на сопствената армија и дека за тоа не може да има ограничувања. Тој исто така рече дека замрзнатите руски средства се наоѓаат во Европа и дека само Европа може да одлучи што да прави со нив.

На прашањето дали е подготвен да оди во Вашингтон за да помогне во преговорите за подобар договор, Макрон рече дека во моментов нема такви планови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons