Спорт

Македонските каратисти освоија три медали на Европската универзијада во Варшава 

Македонското карате се закити со три медали на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате што се одржа во Варшава, Полска.

Викторија Јовановска (Факултет за туризам), членот на карате клубот Макпетрол успеа да освои бронзен медал.

-61 кг
Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3
Репасаж
Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1
За бронза
Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0

Ангела Мојсовска во категоријата во категоријата -68 кг. дојде до златото, додека Љупче Михајлов во категоријата -75 кг. се закити со среброто.

Македонската каратистка Мојсовска на патот до финалето претходно оствари победи над Нина Лукенда од Хрватска, Амина Фејзиќ од Босна и Херцеговина и Влер Керими од Косово.

Во своите финални борби, Мојсовска со 4:3 триумфираше против Мустафа Бехије од Косово, додека Михајлов со 10:0 загуби од Омер Фарук (Турција).

Во првото коло Михајлов го совлада Аднан Гарача од Босна и Херцеговина, во второто коло славеше победа против Абдулкадир Кара од Турција. Во четвртфиналето со 4:0 го совлада Дмитро Федотов од Украина, а со истиот резултат беше подобар од Нико Спарер од Швајцарија во полуфиналната борба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons