Магазин

Македонските вина, а особено „вранецот“, имаат специфични квалитети 

Светските вински индустрии како Франција и Италија, го почнаа процесот на воведување географски ознаки уште пред 200 години

Македонија треба да ги заштити своите вина ако не сака некој да ја копира или да ја имитира, а првиот и клучен чекор кон тоа, е воведувањето географски ознаки, порача Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција.
Делоар на работилницата што ја организираа Здружението на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“ и новоформираното Здружението за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“. Според него, македонските вина се веќе во редот на светските од аспект на квалитет.

– Македонските вина се веќе на меѓународното стандардно ниво во однос на квалитетот. Особено е познат вашиот „вранец“, а имате и многу интересен тероар (поднебје) што дава посебни специфики на производите. Треба да го заштитите тоа, затоа што е ваше. Ако не сакате некој да ве копира или да ве имитира, мора да го заштитите, а првиот чекор е воведување географски ознаки, тоа е круцијално – истакна францускиот вински експерт.

Според Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“, настанот е пресвртница за македонската винска индустрија бидејќи по 15-20 години, конечно се промовира здружението што ќе работи на воведување географски ознаки.

 Со воспоставувањето на географските ознаки, ќе се воведат стандарди за производство на вино и грозје, а со тоа, ако се вклучат поголем број лозари и винарници, големи и мали, ќе се избегне борбата за цената што ни се случува секоја година. Географските ознаки се неопходни за развој на македонската винска индустрија. Тие се клучен чекор за да го промовираме и да го позиционираме македонското вино на светската винска мапа. Македонија, за жал, досега го немаше направено овој чекор. Системот за географски ознаки значи производителите на грозје и вино да седнат и да се договорат по кои критериуми ќе работат – по кои стандарди ќе ги произведат грозјето и виното. Тоа се однесува на сорти, количини, приноси, начин на производство, профил на вино. Сè додека државата ова не го дефинира, нема да можеме соодветно да го позиционираме нашето вино на светските пазари, да постигнеме цена што ќе даде дополнителна вредност на домашната економија – подвлече Младеновска Јеленковиќ.

Македонските производители во моментот имаат географски ознаки дефинирани според македонското законодавство.
Милица Плетварска Атанасов, извршна директорка на здружението „Повардарски – ВРВ“, рече дека стандардите и елаборатите изготвени за воведување на географските ознаки, не се со повисоки барања од оние што македонските винари и лозари можат да ги воспостават. Инаку, светските вински индустрии како Франција и Италија, уште пред 20 години го почнаа процесот на воведување географски ознаки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons