Спорт

Македонија со четири тенисери до 16 години на Европското првенство во Парма 

Четири македонски тенисери (две тенисерки и двајца тенисери) ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство што денеска почнува во Парма, Италија.

Кај девојчињата ќе настапат Сара Митевска и Анастасија Арсовска, додека кај момчињата ќе играат: Лука Кировски и Мапетј Попов. Покрај во поединечна конкуренција ќе има и мечеви во конкуренција на двојки.

Мечевите стартуваат денеска, а познати и првите ривали на македонските тенисери. Девојчињата за противнички ги имаат тенисерките од Германија. Сара Митевска ќе игра против Тина Манеску во меч од втората рунда, додека Анастасија Арсовска за ривалка ја има Глорија Ројш исто така меч од втората рунда.

Меч од првото коло ќе игра единствено Лука Кировски, кој за противник го има Октаве Пужо од Франција, додека Матеј Попов кој е слободен во првата рунда ќе игра против Николози Сирбиладзе од Грузија во мечот од втората рунда.

Сите овие мечеви на македонските претставници се играат денеска (недела), како и мечот во двојки на момчињата каде Кировски и Попов за ривали ги имаат Никита Контратиук и Вадим Сидаченко од Молдавија. Митевска и Арсовска својот меч во дубл од второто коло против Леа Хајдер Мурер и Ана Пиршер ќе го играат најверојатно во понеделник.

Заедно со тенисерите и тенисерките е државниот капитен Тања Стојановска.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons