Македонија падна за една позиција на најновата ФИФА ранг листа
По поразот од Саудиска Арабија и победата над Лихтенштајн, македонската фудбалска репрезентација назадуваше за едно место на новата ФИФА ранг листа.
Македонија сега е на 63. позицијаа на табелата на ФИФА.
Што се однесува до најдобрите, Аргентина падна од првата позиција и сега е трето место, на врвот е Шпанија, а потоа следува Франција. Во топ десет се уште и Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.
Србија е 34. место, Грција е 40, Словенија е 50., Албанија е 66., БиХ е 73., Црна Гора е 80., Бугарија е 86., Косово е 91.