МакедонијаНајново

Македонија меѓу членките со најмногу издвоени пари за НАТО 

Последните податоци што ги објави НАТО покажуваат дека со 1,85 отсто од бруто-домашниот производ, Македонија е на 12-то место на листата земји членки со процентуално најмногу издвоени средства за НАТО,

Македонија на листата е предпред Бугарија, Холандија, Норвешка, Унгарија, Италија, Германија, Канада, Турција и други.

Македонија се најде во горниот дел на листата на членките на НАТО со издвоени 274 милиони евра, односно 1,85 отсто од Бруто-домашниот производ.

Владата најави дека во 2024 година ќе се реализира преземената обврска издвојувањето за одбраната да достигне 2 проценти од БДП, колку што изнесува и целта на НАТО, утврдена уште во 2014 година.

Инаку на врвот на листата е Грција со 3,76 отсто од БДП, а зад неа се САД со 3,47 проценти, по што следува Полска со 2,42 отсто. Тие се единствените земји кои го надминале критериумот.

Пред Македонија е Франција со 1,9 проценти од БДП. Луксембург издвоил само 0,58 отсто од БДП.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons