Македонија и Бугарија нема да го одбележат заедно денот на смртта на Гоце Делчев
Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
На прес-конференција тој кажа дека не е постигнат договор со Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.
Прослави ќе бидат организирани во Бугарија, рече министерот предупредувајќи ги бугарските граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје дека би можеле да се соочат со проблеми, како што било претходно за чествувањето на роденденот.
Милков рече дека е многу е важно како ќе бидат направени уставните измени, а засега секој обид за внесување оптимизам во билатералните односи останува непоткрепен.