АктуелноСпорт

Македонија доби нов европски шампион!

Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт.

Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат.

Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт.

Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што љубителите на мотоциклизмот го поздравија и му оддадоа признание за европскиот успех. Минатиот месец, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, Петар Мијалков доби и специјална награда и признание од градоначалникот Иван Јорданов и од Градот Штип, како благодарност за огромниот придонес и промоција на градот на меѓународната спортска сцена.

Кој е Петар Мијалков?

Петар ја носи љубовта кон мотоциклизмот од најрана возраст. Иако желбата отсекогаш постоела, недостигот на финансии и услови го одложиле неговиот почеток. Во 2017 година го купува својот прв мотор и започнува да вози по улични патеки, но сонот за вистинска тркачка стаза секогаш стоел како недостижна цел. Кога конечно ги обезбедува потребните средства, започнува да тренира на стаза – и во 2023 година официјално влегува во светот на трките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons