Македонец добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата
Полицајците на Вождовац, во близина на Белград, уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците, објви Информер.рс.
Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста.
Како што беше објавено, С. Г. скоро добил отказ во пицеријата каде работел, па револтиран дошол со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“.
Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа по наредба на надлежното обвинителство, по што ќе биде приведен на распит заедно со кривична пријава.



