Свет

Ле Пен го повика Макрон да го распушти парламентот и да распише избори

По ненадејната оставка на францускиот премиер Себастијан Лекорну, претседателот Емануел Макрон се соочи со повици од опозицијата да го распушти Националното собрание и да распише нови избори.

Лидерката на Националното собрание, Марин ле Пен, на социјалните мрежи изјави дека „кризата на власта во Франција достигна точка од која нема враќање“.

„Нема решение и нема да го има ни утре. Го повикувам претседателот на Републиката да го распушти Националното собрание“, напиша Ле Пен.

Сличен став изрази и Матилда Пано, шефица на парламентарната група на левичарската партија Непокорна Франција, која нагласи дека „и самиот Макрон треба да размисли за оставка“.

Лекорну поднесе оставка на 6 октомври, помалку од еден месец по преземањето на функцијата. Според француските медиуми, причините за неговото повлекување лежат во острите критики кон неговиот кабинет од страна на јавноста и политичките противници, особено од редовите на десницата.

Франција со тоа повторно се најде во политичка криза, додека претседателот Макрон ги разгледува следните чекори во обид да ја стабилизира ситуацијата пред новата парламентарна сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons