Лефков: Доколку Бугарија е искрена, нема зошто да ескивира од заедничка Резолуција пред ЕП за заштита на македонскиот идентитет и јазик
Се уште очекуваме став од Бугарија за предлогот на претседателот Мицкоски, за заедничка Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик пред ЕП.
Ние го изнесовме овој предлог од две причини.
1. Доколку Бугарија е искрена, и не го оспорува нашиот идентитет и јазик, тогаш ќе прифатат и заедно ќе ја поднесеме Резолуцијата.
2. Доколку Бугарија не е искрена, тогаш ќе ескивира по секоја цена.
Во моментот сме сведоци дека Бугарија бега од идејата, а со тоа покажува став кон Македонија, кој не е демократски, не е добрососедски, ниту пак е човечки.
Гласините кои ги слушаме од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот кој Русија го има кон Украина, со целосна негација на нашата самобитност.
Ние знаеме кои сме и целиот свет знае кои сме. Но, фактот што Бугарија го негира тоа, и сака во темел да ги поткопа основните човекови права, дава јасен знак дека сите треба да се запрашаме зошто е тоа така и ќе остави ли ЕУ да бидеме жртва на политики од 19 век, политики на негација на самобитноста исти по размер како тие Русија што ги применува врз Украина.
Македонија е пред се добар сосед, држава членка на НАТО, држава која дала и дава свој придонес кон европската безбедност и единствено нешто кое го сакаме како народ е да бидеме почитувани и да имаме третман како сите останати.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ