Легендарната Шифрин стигна до 100. победа на Светскиот куп
Легендарната Микаела Шифрин денеска испиша историја во Светскиот куп стигнувајќи до својата 100. победа на слаломот во Сестриера.
Издоминира Шифрин и до победата стигна со време од 1:50.33. Освен победата за Шифрин за издвојување од денешната трка е и промената на лидерската позиција во генералниот пласман.
Камила Раст која беше лидер до денес не ја заврши трката и тоа го искористиЗринка Љутиќ од Хрватска кое со второто место во слаломската трка го презема генералиот пласмна. Како трета денес заврши сонародничката на Шифрин, Паула Молтезан.
Во генералниот пласман Љутиќ има 489 бодови, 39 повеќе од Раст на три трки пред крајот од сезоната.