Македонија

Кучињата кои до смрт искасаа дете во Пинтија немале беснило, АХВ чека насоки од ОЈО 

Немале беснило двете кучиња кои до смрт искасаа дете во Пинтија, а завршен е и надзорот. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Макфакс“посочуваат дека двете кучиња немале беснило, а го поминале и тестот за социјализација. Натамошната постапка ќе треба да ја заврши Обвинителството. Кучињата се од расата „булмастиф“, а АХВ ги презема на контрола пред два месеци, период во кој трипати биле испитувани за болеста беснило.

„Чекаме насоки од Обвинителството, бидејќи тие го водат предметот, за тоа што ќе се прави со кучињата во иднина“, одговориле од АХВ. 

Случајот го води скопското Обвинителство. Оттаму нема јавнообвинителска одлука бидејќи се чека резултат од обдукцијата.

„Надлежниот јавен обвинител го очекува вештиот наод од извршената обдукција и извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството. 

Трагедијата во скопска Пинтија се случи на почетокот од април. Неофицијално, детето влегло во дворот на комшијата, а со кучињата си играло и во минатото. Било изгризано за вратот, од каде имало обилно крварење. На настанот имало и сведоци.

Кучињата се идентификувани со микрочип и тие и натаму се изолирани. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак „пази куче“, соопшти АХВ по трагедијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons