Актуелно

Криза, многу продавници се затворени

Сѐ повеќе дуќани се нудат за издавање, се продаваат или се со катанец на вратата – ова е вообичаената глетка во главниот град.

На местата кои некогаш беа меѓу најфреквентните, денес речиси секој ден се затвора некој дуќан. Сопствениците што ги анкетиравме велат дека пандемската криза бил првиот удар и сега не знаат до кога ќе можат да се спротивстават на економската и енергетската криза.

„Според моето искуство, долго време се занимавам со овој дуќан и со оваа професија. Пандемијата, таа пауза кога час се работеше, потоа не се работеше, со вакцини, не без вакцини, тоа беше првиот удар. Така продолжи две години, потоа продолжија работите со поскапувањето и толку е капацитетот, не можеме да издржиме три години. Немаме систем што може да те турка, си добил 500 евра од државата, 250 треба да вратиш, замисли каква помош од 500 евра…“, вели еден сопственик на дуќан.

Граѓаните се згарижени дека економската криза секојдневно се продлабочува.

„Економијата и сиромаштијата го прави своето, нема работа. Сите продавници профитираат од туристите….сите продавници ќе бидат затворени…“

„Ние сме многу трудољубиви луѓе, горе-долу ќе се снајдеме со некои работи, но што да правиме со оние кои немаат воопшто приходи. Сиромаштијата носи лоши работи, а не добри…. “

„Сопствениците плаќаат даноци и немаат како да ги платат работниците и ги отпуштаат, ако ги отпуштат работниците, и продавниците ќе се затвораат… Народот нема работа, младите избегаа во Европа, бараат подобра егзистенција, тука нема работа за 200 евра. Литар млеко 100 денари, 1 кг грав 160 денари, живеј ако можеш со 200 евра“, велат граѓаните.

Високите сметки за струја, сиромаштијата кај населението и намалувањето на бројот на потрошувачи, влијаат на тоа се повеќето сопственици на бизниси да не можат да ги преживеат последователните кризи, и одлучуваат да ги затворат своите бизниси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons