Крвава трагедија во Велес – тројца мртви, убиецот си го одзел животот
Двојно убиство и самоубиство се случило попладнево во Велес, објавија повеќе медиуми.
Според првичните информации кои ги објавија медиумите, поранешниот љубовник на една од жртвите ја убил нејзе и уште еден човек, по што самиот си го одзел животот.
Неофицијално, жртвата повеќепати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а тој и ѝ го запалил автомобилот.
Дополнително, според исто така неофицијални информации, насилникот претходно ги претепал жената и човек со кого била во врска, во нејзиниот дом.