Спорт

Косово без шанси во Скопје, фудбалерите до 15 години во вториот натпревар славеа уште поубедливо 

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години запиша нова победа против Косово, овојпат на домашен терен, на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Младите фудбалери на селекторот Горан Станковски одиграа убедливо и славеа со 4-1, покажувајќи ја својата надмоќ во вториот меѓусебен дуел со косовските врсници. Двоен стрелец за Македонија беше Алиу, додека по еден гол запишаа Аврамовски и Јанчевски.

Со оваа победа, младата селекција само го потврди триумфот од првиот натпревар, одигран во Приштина, каде што славеше со минимални 1-0.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons