Свет

Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Кина го гради најголемиот светски аеродром сместен на вештачки остров. Аеродромот Далијан Џинжу беј интернешнал во моментов е во изградба крај североисточниот брег на земјата. Според соопштението од аеродромот, проектот ќе го опфати островот со површина од 20 квадратни километри, со четири писти и терминал за патници со површина од 900 метри квадратни.

Операторите на аеродромот планираат по 540.000 летови годишно, со над 80 милиони патници, а отворањето на првата фаза се очекува во 2035 година. „Најголемиот офшор аеродром во земјата полека се крева над нивото на морето, како изгревањето на сонцето на исток“, се наведува во објавата на аеродромот Далијан Џинжу беј интернешнал на кинеската социјална мрежа Вичет.

По завршувањето на изградбата ќе биде најголемиот аеродром на вештачки остров на светот. Со тоа ќе ги надмине аеродромите во Хонг Конг и јапонски Кансаи.

„Изградбата се соочуваше со големи предизвици. Проектот има сложени геолошки услови, високо ниво на тежина на дупчењето и големи барања за квалитет, со строг временски распоред на изградбата“, изјави во октомври Ли Сијанг, главниот инженер на компанијата Далијан ерпорт констракшн енд девелопмент. Далијан, град со 7,5 милиони жители, веќе долго време е важен сообраќаен јазол поради близината на Јапонија и Јужна Кореја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons