Спорт

„Квалитет 2025“ – меѓународен младински шаховски турнир во Скопје

Денеска во Скопје почнува Меѓународниот младински шаховски турнир „Квалитет 2025”, во организација на ПСУ „Јахја Кемал” и шаховскиот клуб „Гамбит Асеко”. Турнирот се одржува осма година по ред, а годинава е поддржан и преку проектот:„Ајде да играме шах: инклузивни мрежи за одржливо образование“.

Натурнирот се пријавени 200 учесници од Казахстан, Молдавија, Грција, Бугарија, Србија, Турција и Македонија, а се очекуваат инатпреварувачи од Црна Гора. Пријавувањето завршува на 23 мај до 17 часот, по што следува официјално отворање на турнирот.Турнирот ќе се одвива во три возрасни категории: под 8 години, под 10 години и отворена категорија до 20 години. Партиите од првите пет табли ќе бидат пренесувани во живо во реално време и ќе може да се следат на официјалниот канал chess.com. Наградниот фонд изнесува 1.500 евра, со дополнителни стокови награди за најуспешните учесници. Турнирот го предводи 17-годишниот ФИДЕ мајстор – Антон Златков, кој е учесник на првото издание на Квалитет во 2016 година. Турнирот веќе прерасна во еден од водечките младински шаховски настани во регионот. Утре во 14 часот при доделување на наградите на турнирот до 8 години ќе бидат промовирани првите анимирани цртани филмови заизучување на основните правила во шахот во рамки на проектот Еразмус +„Ајде да играме шах”. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons