Картелско здужување меѓу десет осигурителни компании за формирање повисоки цени, утврди Комисијата за заштита на конкуренцијата
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди картелско здружување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на осигурување од автомобилска одговорност.
Компаниите разменувале чувствителни информации и координирале активности, што довело до усогласено зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток.
Таквото однесување се смета за најтешка форма на ограничување на конкуренцијата „по своја цел“ според член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.
Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување, што е строго забрането.
Врз основа на утврдените факти, Комисијата изрече глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари, односно 280.000 евра.



