Спорт

Капитенот Кузмановски со „бомба“ во последната секунда донесе реми на Македонија против Австријa

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден драматичне нтпревар на Светското првенство, овој пат против Австрија. Кузмановски со бомба донесе реми и 29-29.

Пред полупразни трибини, во една поинаква атмосфера, Македонија го одигра дуелот во Вараждин Арена, прв од главната рунда. Следен противник е Катар, предводен од Веселин Вујовиќ, мечот се игра за два дена.

Битката не изостана теренот ниту за оваа средба, нашите ракометари добро му парираа на противникот.

Добро прво полувреме, со мал пад во финишот за нашите ракометари. Македонија го превзема водството уште на стартот, отвори со 1-3 во петтата минута. Нашите ракометари водеа и со 2-4 и 3-5. Митревски и Кизиќ немаа многу одбрани, но истите ги забележаа во вистински време. „Црвено-жолтите“ благодарение на добрата одбрана во 16-та минута поведоа со 4-7. На другата страна Австрија набрзина врати и израмни на 7-7. Митревски со третата одбрана по крена тимот, Митев со два гола и Кузмановски со еден ги вртија највисоките плус три (7-10) во 22-та минута.

Серија на грешки ги чинеа Лазаров и неговите момци целосен кам-бек на противникот, кој во 28-та минута за првпат поведе, резултатот беше 12-11, со истата позитива Австрија замина на одморот (14-13).

Австрија на стартот на вториот дел поведе со 15-13. Мостл одбрани, на другата страна истото го стори Кизиќ. Кузмановски со вториот гол намали на 15-14 во 35-та минута. Пет минути подоцна по одбрана на Кизиќ, Костески по одлична цепелин акција со Велковски, Кузмановски и Џонов од контранапад ја вратија минималната позитива 17-18, Австрија остана со играч помалку.

Противникот брзо израмни и поведе со еден гол (19-18), но битката продолжи, на средината на второто полувреме беше (19-19). Нешто подоцна, Џонов по тамј-аутот на Лазаров израмни на 23-23. Ни беше потребна цврстина во одбраната. Кизиќ одбрани, а Велковски погоди за 23-24 во 52-та минута.

Се сменија улогите на теренот, Македонија беше таа која ја имаше предноста од еден гол, на пет минути до крајот Костески погоди за 25-26. Имавме одлична шанса да го спречиме противникот да не реализира, но не бевме умешни. Сепак водството од еден гол стоеше и на три и пол минути до крајот, Пешевски (26-27).

Кузмановски при 27-27, на минута и пол до крајот не реализираше од седум метри, на другата страна Дамбок казни од истото место за водство на неговиот тим од 28-27. Митев изрмани набрзина за 28-28, останаа 30 секунди. По тајм-аутот, Австрија преку Хутечек врати за 29-28. Останаа четири секунди за нашата репрезентација, нападна со седум играчи, Кузмановски со бомба донесе реми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons