МакедонијаНајново

И денеска се трага по возачот на Голфот: На терен 50 припадници на АРМ, повикани нуркачи од Охрид и „Тигрите“

Четврт ден трае потргата по по возачот од возило кое излета во реката Вардар.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од 9 часот на терен се 50 припадници од АРМ Тетово кои и денеска ќе вршат копнено пребарување.

-Од полициска станица Желино на терен се 8 лица, од Полициска станица Јегуновце исто така на терен се 8 лица, Полициска станица Тетово се со 4 лица. Се очекува да пристигнат и нуркачи од Охрид, но дополнително и Специјалната единица CAE-Тигри ќе пристигнат со нуркачи. Осум лица од ДЗС Тетово и 8 лица од ДЗС Куманово ќе вршат копнено пребарување, исто така 4 лица од ДЗС ќе вршат копнено пребарување во Езерото Зелениково и 2 нуркачи од ДЗС ќе вршат пребарување во вода, информира ЦУК.

Истакнуваат дека екипа од шест пожарникари ќе вршат копнено пребарување покрај реката.

Екипа од ЕЛС Желино ќе помагаат во потрагата со 20 припадници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons