И денеска пролетно време, од утре драстична промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Времето во наредните денови
Во текот целата наредна седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а потоа во следните два дена особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. За време на прогнозираниот период ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.