Спорт

ИХФ ги промени термините, два од трите натпревари Македонија ги игра од 15:30 часот 

Интернационалната ракометна федерација доцна синоќа ги определи конечните термини за втората фаза од Светското првенство.

Првичните термини кои беа определени уште пред почетокот на Светското првенство, не важат. ИХФ ги определи новите саатници во зависност од атрактивноста според имателите на ТВ правата.

Лоша вест за Македонија е тоа дека првите два меча ги играме во терминот од 15:30 часот, кога дел од луѓето се уште на работа, и оние кои гледаат на тв екраните и оние кои живеат во близина на Вараждин, па сакаат да отидат во живо да го проследат натпреварот.

Единствениот добар термин на Македонија е во последниот меч, против Франција од 20:30 часот.

Термини на Македонија за втората фаза од СП:
Вторник: Македонија – Австрија 15:30 часот
Четврток: Македонија – Катар 15:30 часот
Сабота: Македонија – Франција 15:30 часот

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons