Истрага против 13 лица од криминална група – вршеле фиктивна трговија со горива за да избегнат плаќање данок
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица, од кои четворица се државјани на Косово, а една е државјанка на Хрватска. Ова Следува Откако Управата за финансиска полиција информираше за спроведена акција во Липково, Куманово и Желино, во која се уапсени седум лица.
Осомничените се товарат дека од 2014 до 2023 година креирале мрежа од фирми преку кои вршеле фиктивна трговија со нафтени деривати, издавајќи лажни фактури за да избегнат плаќање данок и да остварат незаконски поврат на ДДВ.
Направената штета на буџетот на државата се проценува на околу 7 милиони евра.
Јавен обвинител предложил мерка притвор за сите осомничени… досега се обезбедени седум лица за кои е прифатен предлогот на Обвинителството и судот им одредил притвор во траење од 30 дена. За останатите шест лица, од кои пет се странски и еден македонски државјанин, притворот ќе биде определен во отсуство.