Индиски ореви: Ги чувааат коските и срцето
Јаткастите плодови се значаен дел од здравата исхрана, а меѓу најздравите од нив се индиските ореви.
Тие се богати со хранливи материи, есенцијални аминокиселини, цинк, калиум, калциум, железо, бакар, фосфор, нијацин, витамин Б6.
Добри се за кожата, коските и косата
Само 10 индиски ореви ги задоволуваат дневните потреби за бакар. Бакараот е важен за лачењето меланин, кој е особено значаен пак за пигментите на кожата и косата. Тие се богати и со калциум и железо, кои се клучни за здрави и јакикоски.
Богати со протеини
Одлични се за задоволување на дневните потреби на нашиот организам за протеин. Само една шака содржи 5 грама протеин, па затоа тие се одличен избор веднаш после вежбањето.
Богати се со добри масти
Веројатно знаете дека тие се богати со добри масти, кои го намалуваат ризикот од разни срцеви заболувања.
Го подобруваат имунолошкиот систем
Со оглед на тоа дека содржат високо ниво цинк кој помага во подобрување на имунолошкиот систем.