Израелската армија во Газа погоди зграда со воена опрема на Хамас
Израелската армија денес соопшти дека погодила висока зграда во градот Газа за која рече дека ја користи палестинското исламистичко движење Хамас.
„Хамас инсталираше инфраструктура во зградата што ја користи за подготовка и извршување напади врз припадници на израелската армија во областа“, се вели во соопштението на армијата.
Израелските сили претходно соопштија дека се подготвуваат да го освојат градот.
„Преземени се мерки на претпазливост за ограничување на штетата врз цивилите, вклучително и предупредување на населението, користење прецизна муниција, воздушен надзор и собирање разузнавачки информации“, се додава во соопштението.