Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење
Во деновите од празничниот викенд (02./03.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1077 издадени платни налози дури 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 156 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу прекршоци во текот на викендот 314 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 82 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 57 лица кои некористеле сигурносен појас, 24 заради користење мобилен телефон при возење, а четворица минале на црвено светло.
Исто така, а согласно Законот за возила, 44 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.