Македонија

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА: Еве што ќе значи ова за општините кои останаа со в.д. градоначалници?

Донесени се измени на законот за локална самоуправа. 

Со 69 гласа за и 17 против пратениците денеска ја изгласаа потребата од носењето измени во Законот за локална самоуправа со кој треба да се избегнат предвремените локални избори во општините кои останаа со в.д. градоначалници.

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, објасни дека станува збор за привремено решение кое се однесува само на овие предвремени избори со цел да се избегнат дополнителни трошоци до следните редовни, односно општините да останат да ги водат актуелните в.д  градоначалници.

Од опозициската СДСМ пак веќе се изјаснија дека нема да дадат поддршка на овие измени, затоа што како што велат на овој начин им се ускратува правото на избор на граѓаните, а на местата в.д градоначалници се поставени луѓе кои не се избор на гласачите. 

Вршителите на должност во општините Сарај, Гостивар и Аеродром ќе останат на функцијата до редовните локални избори кои ќе се одржат следниот октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons