Актуелно

Изгаснати 27 пожари во изминатото деноноќие – активно гори на две места, од кои едното е во Скопје 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во изминатото деноноќие (18/19.09.2025) до 07:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни, под контрола се два пожари, додека 27 сe изгаснати.

АКТИВНИ: 2

1. Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума);

2. Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума).

ПОД КОНТРОЛА: 2

1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);

2. Општина Делчево: Депонија Острец (запален отпад).

ИЗГАСНАТИ: 27

1. Општина Гази Баба: с.Трубарево (електричен отпад);

2. Општина Зелениково: с.Вражале (борови насади);

3. Општина Шуто Оризари: ул.Хаџи Јован Шишко (запалено ѓубре);

4. Општина Студеничани 1: с.Студеничани (ѓубре);

5. Општина Студеничани 2: с.Морани (грмушки, трња и ниска вегетација);

6. Општина Чучер Сандево: с.Глуво (ниска вегетација);

7. Општина Бутел 1: Љуботенски пат (грмушки и ниска вегетација);

8. Општина Бутел 2: с.Љуботен (ниска вегетација);

9. Општина Арачиново: с.Арачиново (трска);

10. Општина Илинден: с.Кадино (ниска вегетација);

11. Општина Битола: с.Лажец (стрниште);

12. Општина Крушево: Градска Депонија (отпад);

13. Општина Струмица: с.Дабиле (ниска вегетација);

14. Општина Ново Село: с.Старо Коњарево (стрниште);

15. Општина Босилово: с.Старо Балдовци (стрниште и тополи);

16. Општина Богданци: Патен правец Богданци – Гевгелија (ниска вегетација);

17. Општина Струга: с.Дoлна Белица (ниска вегетација);

18. Општина Дебар: с.Рајчица (ниска вегетација);

19. Општина Кичево: с. Другово (запалено стрниште);

20. Општина Македонски Брод: с.Ореовец (ниска вегетација);

21. Оштина Карбинци: с.Долно и Горно Трогерци (стрниште);

22. Општина Берово: нас.Абланица (грмушки и ниска вегетација);

23. Општина Кочани: Долни и Горни Подлог (стрниште);

24. Општина Пробиштип: с.Лезово, м.в.Лезовска чешма (грмушки и ниска вегетација);

25. Општина Куманово 1: нас.Пуковско (стрниште);

26. Општина Куманово 2: нас.Пуковско (стрниште);

27. Општина Липково: с.Никуштак (ниска вегетација).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons