Дарио Ивановски го освои 13 место на ЕП во трчање на пат во Белгија
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на Европското првенство во трчање на пат 2025 Брисел-Левен денеска во дисциплината 10 километри успеа да го освои 13 место од 41 натпреварувач.
Ивановски во белгискиот град трчаше со црна лента во чест на жртвите од пожарот во Кочани.
Нашиот натпреварувач на маратонот во Брисел оствари време од 2:14.53 ч.
На првата позиција се најде Италијанецот Илиас Ауани (2:09.05), пред Гашау Ајале од Израел (2:09.08).
Инаку ова беше 13 маратон во спортската кариера на Ивановски.