Златен медал за македонската таеквондистка Мартина Наумовска
Таеквондо клубот Феникс-Кик објави дека е постигнат историски успех за клубот, освоен прв златен медал од Е/Г турнири.
На турнирот Дупница опен Е2 во Бугарија членот на Феникс-Кик Мартина Наумовска во категоријата – кг (кадетки) се закити со златото.
Во првото коло, односно полуфинале Наумовска запиша победа над Алехија Папангелу од Грција со 2:0 во рунди, а во второто коло, во финалната борба триумфираше со 2:0 во рунди против Гала Начева од Бугарија.
Наумовска прераснува во нова олимписка надеж за нашиот спорт, на последните три натпревари стигнува во финале со учинок од еден златен и два сребрени медали.
До медал на Дупница опен Е2 дојде и Дамјан Василевски кој освои бронза во категоријата -45 кг (јуниори).
Василевски во првото коло го совлада Матија Русев од Бугарија со 2:0 во рунди, а во второто коло, во полуфиналето со 2:0 во рунди загуби од Мавридис Евангелос (Грција).
Настап имаше и Илина Гулабовска (59 кг, јуниорки), претрпе пораз во првото коло од бугарска натпреварувачка.
