Земјотрес во Скопје напладне, почувствуван и во околината
Земјотрес од скопското епицентрално подрачје денеска во 12:05 часот беше почувствуван во Скопје и во околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според официјалните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала. Неговата јачина на почувствуваност во главниот град и околните места била проценета на III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикаа граѓаните кои го почувствувале потресот да пополнат прашалник за почувствуваност на нивната официјална страница, а во случај на потреба да се обратат и на бројот 112.



