Македонија

Зголемен е бројот на странски туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, се бележи пораст на странските туристи кои ја посетиле Македонија.

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31.6 % биле домашни, а 68.4 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138.226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од
странските.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, бројот на туристите
е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
13.8 %.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 5.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons