Спорт

За Роналдо важат други правила

Фудбалската јавност се крена на нозе по одлуката на ФИФА Кристијано Роналдо да добие само еден натпревар суспензија за црвениот картон кој го доби во квалификациите на меч за португалската репрезентација.

Се очекуваше дека Роналдо за директниот црвен картон ќе добие суспензија од три натпревари, евентуално два, а тоа ќе значеше дека нема да настапи на стартот од Светското првенство.

Португалија има уште еден меч од квалификациите, а следниот официјален ќе биде на Мундијалот.

Сепак ФИФА одлучи да го суспендира на еден натпревар и да му даде условна казна за два меча. Тоа значи дека Роналдо од почеток ќе биде на Светското првенство.

„Во согласност со член 27 од Дисциплинскиот законик на ФИФА, двата преостанати натпревари од суспензијата се продолжени на суспензија од една година. Доколку Кристијано Роналдо направи уште еден прекршок од слична природа и сериозност во текот на наведениот период, суспензијата автоматски ќе се активира. Ова не влијае на никакви дополнителни санкции изречени за новиот прекршок. Суспензијата од три натпревари е предмет на жалба до Апелациониот комитет на ФИФА“, соопшти ФИФА.

Роналдо ја одслужи единствената активна суспензија во дуелот со Ерменија, па селекторот Роберто Мартинез ќе може да смета на него од стартот на Мундијалот. Од ФИФА објаснија дека преостанатите два меча се ставени на едногодишен пробен период и ќе се активираат само ако повтори сличен прекршок.

Меѓутоа, одлуката предизвика бурни реакции. Светските медиуми ја нарекоа спорна и истакнуваат дека е чудно што доаѓа кратко по вечерата во Белата куќа на која присуствувале Роналдо, Доналд Трамп, Мохамед бин Салман и Џани Инфантино. Дел од аналитичарите зборуваат за двојни стандарди, потсетувајќи на случаи од Ерменија и Бурунди кои добија целосни три меча суспензија без можност за условна казна.

„Под нормални околности, Роналдо треба да отслужи суспензија од три натпревари и да го пропушти почетокот на Светското првенство, но бидејќи нема ништо нормално кај португалската ѕвезда – тоа е. На крајот на краиштата, ова беше неговиот прв црвен картон во 226 настапи во дресот со националниот амблем. Некои ќе речат дека правилата се правила и дека треба да се почитуваат, други, повторно, дека ова е одлука што им одговара и на Роналдо и на ФИФА, и дека тоа беше донекаде очекувано“, напишаа од „Скај Спортс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons