Жители на Градско и Велес плаќаат патарина затоа што им се реконструира локалниот пат
Жители од Велес и Градско и околините на овие градови мораат да плаќаат за патарина на автопатот „Пријателство“, за да сстигнат од едно до друго место, поради асфалтирање на регионалниот пат кој ги поврзува двете места.
Тие се револтирани бидејќи од денеска, па се до 22 јули во периодот од 8 до 18 часот, во време кога одат и се враќаат од работа повторно, како и во повеќе наврати досега повторно се принудени секојдневно да патуваат само преку автопат.
Цената е 120 денари за двата правци која мора да ја платат, објави МИА. Жители на Општина Градско и Велес се револтирани дека тоа е периодот кога одат и се враќаат од работа па се принудени на дополнителни трошоци секој ден.
Реконструкцијата започна на 28 септември лани и беше најавено дека ќе трае девет месеци, а рокот истече на 28 јуни. Работите, според најавите од АМСМ, треба да бидат завршени до 22 јули годинава.