ЕСМ: Зголемувањето на трошоците не мора да значи повисока цена на парното
Цената на парното греење во Скопје ја одредува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното, порачуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.
-Компаниите кои ја вршат дејноста производство, дистрибуција и снабдување поднесоа барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата до РКЕ. Врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, РКЕ ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период, велат од ЕСМ Снабдување со топлина и додаваат дека зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното.
Нагласуваат дека АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презеде и топлинската енергија за Градот Скопје и изминатата грејна сезона немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија и на задоволство на огромен број на граѓани на 15 октомври радијаторите беа топли.
-И следната грејна сезона АД ЕСМ нема да дозволи да има прекини во снабдувањето со топлинската енергија, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Веќе, додаваат, се започнати активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица“.
-ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок, посочуваат од ЕСМ Снабдување со топлина.