Актуелно

ЕСМ доби само една целосна понуда за гас за загревање на скопјани

ЕСМ Производство денеска, на денот кога требаше да пристигнат понудите за набавка на природен гас за топланите за парно загревање на скопјани, добила само една целосна опција и тоа од „Макпетрол“.

Актуелниот договор со „Макпетрол“ истекува на крајот од месецов, а за 1 ноември треба да биде потпишан нов. ЕСм претпочиташе новиот договор да биде долгорочен, односно во целосно траење на грејната сеозна.

Од ЕСМ ни одговорија дека имало уште една понуда од странска компанија, но таа била со нецелосни параметри.

„Рок оставаме до утре за да се остави простор за евентуално уште една понуда која ја очекуваме“ ни одговорија од ЕСМ.

ЕСМ бараше над 250 милиони кубни метри гас за да може цела грејна сезона да работат двете топлани Исток и Запад, но и гасната централа  ТЕ-ТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons